На 22.09.2024 нашата македонска репрезентација составена од четворица репрезентативци учестуваше на меѓународниот турнир Белградски победник во Србија и успеа да се искачи прва на ранг листата за сениори. Нашите репрезентативци Лука Стојановски, Марко Трајановски, Дарко Димитриев и Даниела Алексовска се закитија со златни медали, додека Даниела го освои пехарот за најуспешен натпреварувач во женската сениорска конкуренција.

Лука Стојановски се натпреваруваше во категорија на јуниори до 18 години до 66 килограми во која со 3 победи го достигна првото место.

Марко Трајановски исто така се натпреваруваше во категорија до 18 години до 84 килограми во која издвои 2 победи и златен медал.

Дарко Димитриев се бореше во сениорска категорија над 18 години до 66 килограми со која зема учество на главниот евент и се закити со златен медал.

Даниела Алексовска се бореше во една категорија над нејзината сениорки до 57 килограми во која оствари 2 победи и го освои пехарот за најуспешен натпреварувач во женска сениорска категорија.