Европско ММА првенство историја за Македонската ММА репрезентација

11

Изминатата недела во период од 29 март до 6 април се оддржа европско првенство во ММА во Белград на кое учествуваа 33 земји и над 700 натпреварувачи. Нашата македонска федерација за прв пат настапи на европско првенство со кое испиша историја со освојување на сребрен медал во женска категорија јуниори -52кг. Репрезентативката Даниела Алексовска само со една ММА борба во нејзината кариера успеа да се справи на овој силен турнир помеѓу актуелните европски и светски шампиони во нејзина категорија. Таа се пласираше во финалето во кое за влакно и избега златниот медал, изгуби на одлука на судиите. Даниела изјавува дека е задоволна со нејзиниот успех и се стреми кон следните силни ММА турнири кои следат. На овој турнир настапи и Марко Трајановски во категорија до 18 години со 2 победи и 1 пораз кој го оддели од медал. Претседателот на македонската ММА федерација изјави дека ова е само почеток и дека следат уште поголеми натпревари во блиска иднина.