Применливоста на бразилската џиу џица во реална борба

1349

Денес во меѓусебните разговори, особено кај оние веќе тренирале некоја боречка вештина или спорт секогаш е актуелно едно прашање: “Применливоста на боречките вештини и спортови во реални ситуации”?

Нема да пишуваме за останатите, секоја вештина или спорт си има своја добра и лоша “страна”, ќе пиешеме за применливоста на БЏЏ.

Денешните ММА борби се незамисливи без БЏЏ, без техниките кои во прво време беа техники за самоодбрана, техники кои денес ги увежбуваат и деца и специјалните одреди на полицијата и војската. Познавањето на оваа вештина и спорт е од големо значење доколку саката да градите квалитетна мма кариера. Но, дали БЏЏ е применлива во реална борба?

Нашиот одговор е “ДА”!!!

Зашто ДА…Затоа што техниките се лесно применливи и брзо се учат благодарение на системот на изучување. Секој тренинг се учат нови техники, се увежбуваат старите, но најбитно, НА КРАЈОТ НА СЕКОЈ ТРЕНИНГ СЕ ПРАВИ СПАРИНГ!!!

Спарингот е најдоброто нешто без кое не е замисливо да се напредува. Секој тренинг имаш различен противник, некогаш е некој нов, но силен, некогаш е некој постар,но поискусен, па на крајот секогаш нешто ново учиш. Најбитно е што секој спаринг се трудиш да ги примениш техниките врз некој кој што не ти дозволува да го направиш тоа, некој кој се труди да биде подобар од тебе…

На редовните тренинзи во Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ & РУТС БЏЏ” работиме повеќе видови на спаринзи, но највеќе ги работиме следните модели на спаринг:

  • натпреварувачки спаринг;
  • специфичен спаринг (почетокот е од одредена позиција, зафат);
  • “хендикеп” спаринг (поискусниот член со едната или двете раце го држи својот појас и не смее да го пушти додека трае спарингот. Тој мора да се движи повеќе, да го користи колкот, да ги користи нозете, да работи на подобар тајминг, итн…);
  • “воз”  или “king of the matt” – сите членови се во една редица, а само 3-4 се доле на татамите и тие 3-4 се борат со нови членови од редицата. Доколку е “воз” тогаш тој што ќе победи може да има највеќе две борби, односоно после втората борба без разлика дали победил или изгубил, станува и оди во редицата, а неговиот противник останува на татамите. Доколку е “king of the matt” тогаш победникот секогаш останува на татамите (може да се случи еден член да има повеќе од 30 минути спаринг со сите членови).

Моментално во Ценатрот се вршат уписи за новата сезона.

Редовните термини се :

  • вторник 20.45 – 22.15 часот (кимоно);
  • четврток 20.45 – 22.15 часот (граплинг);
  • петок 18.30 – 19.45 часот (кимоно).
  • Натпреварувачкиот тим има дополнителни бесплатни тренинзи (утрински или за време на викенд)

Повеќе информации  може да добиете на 070 24 22 88!