Уште една победа за Даниела Алексовска – “Ниш БЏЏ Опен 2017” (видео)

693

Нашата најуспешна македонска натпреварувачка во бразилска џиу џица Даниела Алексовска, член на “Д Стронгест & РУТС БЏЏ” предводен од Претседателот на Македонската Федерација за БЏЏ, Алексовски Ивица на вчерашниот силен меѓународен турнир во БЏЏ “Ниш БЏЏ Опен 2017” заедно со Лазар Иванковиќ, член на еден од најуспешните бџџ тимови од Србија “Gracie Barra” под водство на Даниел Брајчиќ го отворија турнирот со “Super fight”.

 

Оваа борба го отвори турнирот и со оваа борба уште еднаш се докажа дека бразилската џиу џица е една од најконкретните боречки спортови.

Противникот на наштата Даниела беше момче на кое му предстои успешна иднина. Неговите квалитети се видоа за време на борбата, добар гард, напаѓаше од сите позизции. Се виде дека Лазар е дел од квалитетна школа. Сепак на крајот Даниела по успешно превртување од долна позиција каде што поентираше со 2 поени, дојде во доминантна позиција и во идеален момент го фати Лазар со зафат “arm bar” со што ја извојува својата 15 победа.

Да Ве подсетиме дека Даниела е Државен првак во бразилска џиу џица, но истотака е Државен Првак и во џудо.

Досегашниот скор во бџџ и џудо е 15 победи и 1 пораз (на поени 4:3).

На сликата е моментот кога Даниела ја доби втората лента на белиот појас пред точно 5 години.

Фото-галерија: