Хуманитарен семинар за помош на настраданите во Србија, Хрватска, Босна и Словенија

422
Денес во ОУ “Партенија Зорафски” во организација на основачот на клубовите за боречки вештини “Д Строгест & РУТС” и Председател да Македонската Федерација за бразилска џиу џица, Алексовски Ивица ( тренер за џит кун до, бразилска џиу џица и мма) заедно со познати македонски мајстори од повеќе боречки вештини како што се:
– Иле Ристески – македонскиот шампион во кик бокс и тренер во кик бокс клубот“Горила”;
– Игор Паскоски – мајстор во џудо  во џудо и тренер во најдобриот македонски џудо клуб “Миоки”;
– Дамјан Цингарски   мајстор во аикидо и тренер во аикидо клубот “Хенбо”
се одржа Хуманитарен семинар за помош на настраданите од поплавите воСрбија, Хрватска, Босна и Словенија.
Паскоски - Алексовски - Ристески - Цингарски 
Мајсторите покажуваа техники од својата вештина, а потоа сите заедно ги увежбуваа зададените техники. Во убава атмосфера, со дружба помеѓу членовите од повеќето клубот заврши овој хуманитарен семинар.
3 2

На семинарот беа присутни членови од клубовите за:

– џит кун до “Д Стронгест”;

– бразилска џиу џица “РУТС”;

– кик бокс клубот “Горила”;

– џудо клубот “Миоки”,

– аикидо клубот “Хенбо”;

– клубот за аикидо и џиу џица “Кобукан”

кои сите заедно донираа парични средства, флаширана вода, хигиенски производи, облека итн…
Со овој гест повторно се покажа и докажа дека спортистите важат за хумани луѓе и секогаш и секаде се први за помош на настраданите во разни катастрофи.

ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ до тренерите  Ивица Алексовски,Иле Ристески, Игор Паскоски, Дамјан Цингарски и Спасе Начевски за одвоеното време и покажаната хуманост во момент кога на некого му е највеќе потребна.

5 (2) 4

 

Собраната хуманитарна помош по завршување на семинарот беше предадена во Црвениот Крст на Р. Македонија.