Се одржа III Семинар за бразилска џиу џица во Охрид

389

Изминатиов викенд (06.07.2014), во недела, се одржа третиот семинар за Бразилска Џиу Џица во Охрид, во организација на The Strongest & ROOTS BJJ Ohrid. Семинарот го водеше главниот инструктор во The Strongest & ROOTS BJJ Macedonia и претседател на Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица,Ивица Алексовски.

На семинарот освен членовите на охридскиот клуб, присутни беа и учесници од Скопје, Прилеп и Битола. Се помина во одлична атмосфера за тренинг и дружење, при што се изучуваа одредени сегменти како од спортскиот така и од делот на самоодбрана во БЏЏ. На крајот беа доделени ленти на појасите и тоа:

–          интрукторите Благоја Трајчевски и Дејан Чолески ја добија четвртата лента на белиот појас

–          со втора лента се здобија: Ненад Ристевски, Андреј Ќосевски, Дејан Симоноски и Владимир Трајчевски

–          со прва лента се здобија: Митко Белески, Илија Спасески, Саше Нически, Петар Трајчевски и Марија Ристевска

Исто така втора лента на плавиот појас му беше доделена на Мики Смиљковиќ.

Организаторите му заблагодаруваат на Ивица Алексовски за одлично одржаниот семинар, како и за присуството на сите учесници. BJJ for Life ! OSS !