Завршен тридневниот семинар за БЏЏ/ММА црниот појас под Фабрицио Вердум, Бојан Мирковиќ

399

Изминатиов викенд се одржа тридневен семинар за бразилска џиу џица и мма со црниот појас во БЏЏ под водство на УФЦ шампионот Фабрицио Вердум, Бојан Мирковиќ. Тој е истотака Председател на Хрватската Федерација за БЏЏ и овде беше на покана на македонскиот Председател за БЏЏ, Алексовски Ивица.

Присуствуваа повеќе учесници од бџџ клубовите “Д Стронгест & РУТС БЏЏ Македонија” (Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп…) кои се членки на Федрацијата за БЏЏ, но имаше и учесници од други клубови од Македонија.

2

Првите два дена се разработуваа техники од БЏЏ и тоа редоследно од стоечка позиција  до борба на партер. Особено интересно и корисно искуство беа дриловите со топка за стабилност со техники од бџџ. Мирковиќ се покажа како голем познавач на овие вежби (тој има развиено систем од бџџ вежби на овие топки со кои се подобруваат повеќе атрибути кои се потребни за бџџ борба, комплетно покриен со мускулна анализа на сите движења и истиот систем е патентиран). Нов момент беше неговиот либра гард каде што прикажа неколку техники на напад од гардот.

Третиот ден беа демонстрирани и увежбувани техники од ММА и сите учесници беа задоволни.

Сите беа задоволни од прикажаното и наученото.