Д СТРОНГЕСТ – Скопје

Центарот за боречки вештини “Д СТРОНГЕСТ” лоциран на ул. Емил Зола бр.10 во Скопје и е најквалитетното место во нашата држава доколку сакате да изучувате некоја боречка вештина или спорт. Имате можност како никаде во нашата држава на простор од 400 м2 да тренирате ММА, МУАИ ТАИ, ЏИТ КУН ДО, БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА, КИК БОКС, КРОС – КОНДИЦИОНИ ТРЕНИНЗИ, ГРУПА ЗА ДЕЦА, ФИТНЕС, БОДИ БИЛДИНГ.

Главен тренер и Основач на Центарот е ИВИЦА АЛЕКСОВСКИ:

  • 30 години во боречките вештини
  • Црн појас во бразилска џиу џица под “ROOTS BJJ”
  • Сениор ЏКД Инструктор 
  • Муаи Таи тренер под “RONIN & CARNAGE TEAM GLOBAL”
  • Кафен појас во џудо

Информации на 070 24 22 88

Почетоците се далеку во 1990 г. кога Зоран Петковски го регистрира вториот Кунг Фу клуб во РМ за Џит Кун До и Фул Контакт (подоцна кикбоксинг) спортот. Името на клубот беше “Шао Лин” во чест на големите кинески Кунг Фу мајстори и мудреци од манастирот Шао Лин.

Од првите и најдобрите ученици може да ги издвојат Горан Арсовски, Ивица Алексовски, Арсен Георгиевски, Дејан Костов, Весна Ивановска, близнаците Александар и Апостол Атанасовски и Маја Витановска, која подоцна стана трикратна светска шампионка во Кикбоксинг, во дисциплините Фул Контакт, Лоу Кик и Лајт Контакт.

ivica & mite 001 Алексовски во 1990 година се запишува во ЏКД клубот „Шао Лин“ во Скопје кај својот тогашен тренер Зоран Петковски.

На првото Фул Контакт Првенство во Битола 1992 година, денешниот Главен Инструктор за Македонија и Балкан во “Д Стронгест Македонија”, Алексовски Ивица стана Вице Шампион на Македонија.

Во 1993 г. Петковски Зоран почна да го  изработува и го издава првото списание за боречки спортови и вештини Јин – Јанг. На приватните телевизии ТВ КРТ и ТВ Скопје, Петковски истотака  имал сопствени контактни емисии во кои се прикажувале и коментирале најдобри светски и домашни Кикбоксинг борби.Гостувањата во спортските редакции на Македонската ТВ и радио беа редовни за членовите од ЏКД клубовите.

При формирањето на школата за тренери при Факултетот за физичка култура во Скопје,Зоран Петковски бил повикан и назначен за надворешен соработник на ФФК за кикбоксинг спортот.

МУАИ ТАИ 2018

“Шао Лин” во тоа време броеше околу 60 редовни членови и интересот за ова боречка вештина беше од ден на ден се поголем. Многу од членовите на клубот се бореа рамо до рамо со своите “колеги” од дргуите кик бокс и боксерски клубови. Многумина од нив имаа многу победи како во Македонија , така и на турнири оргаинизирани надвор од Македонија.

 

Ивица Алексовски во тоа време е редовен член во клубот и за кратко време е еден од подобрите членови во клубот.

Алексовски ја превзема обврската да го води клубот од неговиот тренер Зоран Петковски. Во 2000 година заедно со Миодраг Константинов го основаат ЏКД Центарот за Боречки Вештини „Шао Лин“, но по заминувањето на Миодраг во странство, Ивица останува единствениот инструктор.

 

Во 2001 година се стекнува со ЏКД црна ознака, а во 2004 година со втор тоан во ЏКД кај Златко Неделковски.

Во 2002 година Алексовски се стекнува со Black Belt Kickbox Master  под Си-фу Неделковски.

Алексовски го освојува златниот медал на Турнирот организиран од Министерството за внатрешни работи на ниво на цела држава во демонстрација на техники од самоодбрана.

Во 2003/2004 година е под водство на ЏКД, Досе Парес Ескрима и ММА инструктор Си-Фу Љубомир Јорданов.

Алексовски почна да ја промовира оваа вештина на повисоко ниво со повремени емисии на телевизиите, во печатените медиуми, формирање на свој интернет сајт итн. Поради овие причини клубот секојдневно го зголемуваше своето членство и се оформи и втора група за џит кун до.

 

 

Во ЦБВ Д Стронгест” денес тренираат 200 редовни членови поделени во повеќе групи изучувајќи повеќе боречки вештини и спортови.

Во 2010 година Ивица под водство на Светскиот шампион во супер тешка категорија во таи бокс, Џавит Бајрами одржа кик-таи бокс семинар во Скопје. Како и на сите досегашни семинари и на овој семинар имаше многу учесници од други боречки вештини и клубови.

 

 

Истата година во соработка со неговиот пријател од Бугарија, председател на Крав Мага Федрацијата на Р.Бугарија, Алекс Петров прават семинар за Крав Мага. На овој семинар имаше над 120 учесници од повеќе клубови и различни боречки вештини.

 

 

 

 

Во 2010 година со предходен договор прави семинар во Македонија со првиот македонец кој е носител на црн појас во БЏЏ, Проф. Роберт Наумоски. По барање  на Роберт сите три тренинзи се изведуваат со кимоно.

 

 

Првиот БЏЏ семинар во Македонија под Проф. Наумоски

Преку Наумоски , овој клуб се вклучува во едно големо и успешно БЏЏ семејство, РООТС БЏЏ со седиште во Сиднеј, Австралија.
Во 2011 година РООТС и Д Стронгест Македонија освојуваат многу медали ( сребрен во Софија, 3 бронзени медали во Белград) и го подигнуваат имиџот на клубот на повисоко ниво.

 

 

Во април 2011 година Алексовски со свои инструктори и ученици учествува на ЏКД – Досе Парес Ескрима семинарот , организиран од ГМ Љубомир Јорданов, а воден од ГМ Ричард Бустиљо – еден од првите ученици на Брус Ли. Двата дена по пет часа дружење и тренинг со ГМ Бустиљо беше  големо задоволство за нашите членови.

 

 

 

Истотака во 2011 година двајца представници од Д Стронгест Македонија, Христовски Бојан и Петрески Никола земаат учество на првиот ММА турнир во Македонија, каде што Никола извојува победа.

Во месец ноември во Прилеп се одржа турнир во ММА борби, кик бокс борби и грапплинг. Во двете ММА борби членовите на “Д Стронгест Македонија” и “РООТС БЏЏ Македонија” извојуваат победи, но забележаа и победа во кик бокс и 12 победи во грапплинг.

Во понатамошниот период тимот на “Д Стронгест” и “РООТС БЏЏ” освојуваат многу медали и често се најдобар тим на турнирите.

Во 2012 година Алексовски ја оформува Македонската Федерација за Бразилска Џиу Џица која бори повеќе од 10 клубови (Скопје, Охрид, Куманово, Прилеп).

 

Во 2012 година Проф. Роберт Наумоски му доделува виолетов појас.

 

 

 

Гуи Мендез, еден од најдобрите натпреварувачи во БЏЏ во светот

Во 2015 година Проф. Наумоски му доделува кафен појас во БЏЏ и Алексовски во моментот е највисок појас во Р. Македонија.

 

 

 

 

 

Во 2018 година “Д СТРОНГЕСТ” станува дел од “RONIN – CARNAGE MUAY THAI GLOBAL” и денес е под водство на еден од најдобрите Тај бокс тренери во Европа, Миша Бачулов.

Во 2019 година Алексовски го добива ЦРНИОТ ПОЈАС во БРАЗИЛСКА ЏИУ ЏИЦА од Проф. Роберт Наумоски.

 

По 25 години практикување на боречки вештини, особено на Џит Кун До, Гранд Мајсторот Љубомир Јорданов му доделува на Алексовски сертификат за ФУЛ ИНСТРУКТОР во Џит Кун До и Филипински Боречки Вештини.

Денес од овој Центар за боречки вештини излегуваат врвни спортисти кои ја представуваат нашата држава во светот.