Клубот за бразилска џиу џица Д’Стронгест-Рутс БЏЏ Куманово е основан на 17.06.2013 година од страна на главниот тренер во клубот, Мартин Стефановски. Од основањето до сега, клубот зема учество на бројни семинари и натпреварувања, како во Македонија, така и надвор. Меѓу позначајните турнири спаѓаат:
- Абу Даби Про – Италија
- Абу Даби Про – Швајцарија
- Абу Даби Про – Босна и Херцеговина
- Источно Европско Првенство – Загреб
- Ниш Опен
- Монтана Опен
- Балкан Опен – Скопје
- Идни шампиони – Белград
Д’Стронгест-Рутс БЏЏ Куманово секоја година е домаќин на два семинари по бразилска џиу-џица, како и на две државни првенства до сега.
Клубот работи со сите возрасти и е лоциран на улица Моша Пијаде 218.
Главен тренер: Мартин Стефановски, носител на виолетов појас 4ти степен.
Повеќе информации во просториите на самиот клуб или на 077/705-039