Д Стронгест Аеродром е првиот клуб кој произлезе од клубовите под Д Стронгест.
Основан е во 2007 година, со почетна локација во ОУ Лазо Ангеловски во Ново Лисиче, од страна на Бојан Христовски и Златко Ралев, актуелни тренери во клубот. Бојан и Златко се сертифицирани инструктори по Џит Кун До, со долгогодишно искуство во областа (2001 година), со стекнати многубројни дипломи и сертификати од домашни и меѓународни тренери.
Во клубот се изучуваат најразлични техники од концептот на Џит Кун До, односно во склоп на мешаниот систем на боречки вештини и спортови, се тренира Кик Бокс, Бокс, ММА, Бразилската Џиу Џица, Мау Таи, Филипино Кали итн. Крос Фит кондиционите тренинзи се исто така дел од активностите. Концептот на тренинг содржи аматерски (рекреативен) и професионален (натпреварувачки) начин на вежбање.
Во клубот тренираат мажи и жени, деца и возрасни. Во текот на постоењето, клубот соработувал со повеќе сродни клубови, а исто така, членовите на клубот, по прикажан интерес имаат можност за учество на домашни и меѓународни спортски турнири и семинари.
Покрај редовните тренинзи, клубот редовно организира дополнителни активности како што се тренинг во природа, искачување на планина, пливање, пикник и разни други активности. Во изминатите неколку години, клубот ја користел салата на ОУ Александар Македонски во Ново Лисиче.
Визија на Д Стронгест Аеродром е во следниот период да ги прошири своите активности преку отварање на специфични подгрупи во кои ќе се работат конкретни техники за конкретни профили на заинтересираните членови и тоа според возраст, пол и интерес. Воедно се истакнува и можноста за договарање на приватни тренинзи.